Има многу одлични причини да изберете Schüco PVC-U прозорци, а една од нив е импресивниот квалитет на Schüco системите. Сите Schüco PVC-U системи се развиени и произведени во Германија. Употребениот PVC-U ги исполнува највисоките барања за квалитет, отпорен е на светлина, атмосферски влијанија и удари, и е исклучително отпорен на деформации дури и при повисоки температури.

Schüco LivIng 82 MD– прозорци за заштеда на енергија развиени за да ги задоволат вашите барања
Schüco LivIng поставува нови стандарди во однос на удобност, безбедност, енергетска ефикасност и дизајн. Со основна длабочина од 82 mm и вредности на топлинска изолација до пасивно ниво на куќата, ги има сите карактеристики кои се неопходни за прозорци за заштеда на енергија. Новата технологија за заптивање нуди ефикасна заштита од провев, влага и бучава – во текот на целиот животен век на прозорецот. Квалитет „Made in Germany“ и отпорност на провалување на класата на отпор RC 2.

ПРЕДНОСТИ НА СИСТЕМОТ:
- 82mm во длабочина
- извонредни својства на топлинска изолација за вредности на Uf до 0,96 W/(m²K)
- 7 коморен профил
- 3 дихтон гуми
- Звучна изолација до 47 dB (звучна изолација класа V)
- двојно или тројно застаклување