ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД

10+ Годишно искуство

Компанијата ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел од Прилеп повеќе од една деценија успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија.

Првите десет години се занимававме со производство на термопан стакло за градежна столарија, сегмент во кој се уште сме присутни и со успех ги следиме сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност.

Во последните шест години ја проширивме дејноста и се занимаваме и со производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK.

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел постојано ги следи најновите технички достигнувања во доменот на градежната столарија и е во чекор со светските трендови. Располагаме со современа технологија за изработка  на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од познатите брендови за профили ALUPLAST и PROFILINK, а во сегментот на застаклувањето произведуваме термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Последниве неколку години на пазарот сме познати и по ПВЦ профилот PROFILINK, со 5 и со 6 комори, за кој сме генерални застапници на македонскиот пазар. Ова се профили од најновата генерација, од европско производство, а во ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД во секој момент имаме значајни количества на лагер.

За сите вработени на ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД, кога е во прашање производството на градежна столарија, како и на стаклото за застаклување, квалитетот и задоволството на клиентите се секогаш на прво место. За сите прозорци и вратите што ги произведуваме обезбедуваме бесплатна максимално стручна монтажа, со што го заокружуваме процесот за гарантирање на нивната долготрајност. Сите производи од ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ги задоволуваат најстрогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и енергетска ефикасност.

Наша цел е да ги задоволиме вашите барања со професионални и модерни решенија!